Испечати

Мекици

Мекици

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја кисело млеко
  • 1 пециво
  • брашно по потреба
  • масло за јадење по потреба

Подготовка

Шеќерот и киселото млеко ги мериме со иста шоља, јас користев шолја за чај.
Од сите состојки замесуваме тесто, го делиме на два дела и расукуваме кора од којашто сечеме мекици со форма по желба. Ги пржиме во подлабоко тавче во кое има поголема количина на загреано масло за јадење, јас во мојата тава ставив околу половина литар масло за јадење, доволно и малку да поруменат и ги вадиме. Готовите мекици ги наросуваме со шеќер во прав.