Испечати

Компир од рерна

Компир од рерна

Состојки

  • 12 компира
  • 200 гр. кашкавал
  • 250 гр. сланина
  • по вкус зачини - сол, вегета, бибер, оригано
  • 4 лажици зејтин

Подготовка

1. Излупените компири, се засекуваат на неколку места, се осолуват и зачинуват, а меѓу нив ставаме по парче сланина.Го рендаме кашкавалот на едрата страна од рендето.
2. Се стават во тавчето во кое е ставен зејтинот и се печат поклопени со капак или затворни со фолија во предходно загреана рерна.
3. Кога веќе се печени за кратко се вадат од рерната, се посипуват со рендан кашкавал и пак се вракаат назад додека се стопи кашкавалот.Се печат на 180 степени околу 1 час.Пријатен ручек