Лиснати полжавчиња
Состојки
- 800гр брашно
- 250мл млеко
- 250мл вода
- 100мл зејтин
- 2лажички сол
- 4лажички шеќер
- 1коцка квасец
- 3 жолчки
- 250гр маргарин
Подготовка
Се замесува тесто од брашното, млака вода,стасаниот квасец во млекото,солта шеќерот и се остава да се одмори околу 1час-да стаса.
Стасаното тесто се дели на 4 дела кои се сукаат како кори и се премачкуваат со филот, па се виткаат во ролатчиња.Ролатчињата малку се истегнуваат да бидат потенки и се сечат триаголници кои убаво се премачкуваат со преостанатата белка и се печат 20минути на 170
фил
Се матат жолчките со маргаринот додека се добие кремаста смеса