Испечати

Катерина торта

Катерина торта

Состојки

  • Прв пандишпан
  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 8-10 лажици мелени ореви
  • 1 лажица какао
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • Втор пандишпан
  • 5 белки
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. суво грозје
  • 150 гр. сецкани ореви
  • 2 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 2 лажици масло
  • Фил
  • 5 жолчки
  • 250 гр. шеќер
  • 100 гр. чоколадо
  • 250 мл млеко
  • 2 лажици густин
  • 250 гр маргарин

Подготовка

Прв пандишпан
Се матат јајцата и шеќерот,се додаваат сувите состојки,се меша и се пече.

Втор пандишпан
Се матат белките со шеќерот во цврст снег,се додава маслото па сувите состојки и се пече.

Фил
Од жолчките,шеќерот,густинот и млекото се вари крем па се додава растопеното чоколадо.Одкако ќе се олади се мати пенасто маргаринот и се меша се заедно.

Се филува првиот пандишпан па вториот,се премачкува цела торта со филот и се украсува по желба.