Испечати

Питки

Питки

Состојки

  • 2 и 1/2 лажички сув квасец
  • 50 мл млако леко
  • 1 лажица мед
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажиче сол
  • 250 мл кисело млеко
  • 500 гр брашно
  • За маргаринот
  • 70 гр маргарин
  • 2-3 чешњина лук
  • 1 лажиче копар
  • 2 лажици исечкан магдонос
  • јајце за премачкување

Подготовка

Најпрво направете го маргаринот, со тоа што ќе го измешате со истолченото лукче, копарот и магдоносот. Од тоа направете форма на ваљак, ролат и ставете го фрижидер.
Млекото, медот и квасецот промешајте го и оставете го 15 мин.
Потоа додавете ги и другите состојки и измесете убаво, меко тесто. Оставете го да одмори половина час.
Од тестото направете 12 топчиња и наредете ги во подмачкана тепсија, не многу голема, можеби најдобро бр.28.
Оставете ги покриени половина час.
Потоа од маргаринот сечете 12 парчиња и секое парче стиснете го јако во секое топче тесто. Одоколу премачкајте ги со јаце и ставете ги да се печат на 220 Ц, најмногу 12-15 мин. Кога ќе бидат готови, извадете ги од релната, покријте ги со крпа и оставете ги да се оладат.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер