Тирамису од малинки
Состојки
- 500 гр замрзнати или свежи малинки
- 6 лажици шекер
- За крем
- 4 жолчки
- 6 лажици шекер во прав
- 1 кесичка ванилин шекер
- 500 гр Маскарпоне
- 4 белки
- на врв од лажичка крем оф тартар(или 1 лажичка сок од лимон)
- 6 лажици шекер
- За топење на пишкотите
- 1/4 шоља ликер од портокали Гранд Марниер или Бел Ами, или друг
- 1/4 шоља сируп од слатко од портокали или друго слатко
- 1/2 шоља вода
- И уште
- околу 500 гр Савојарди пишкоти
- За одозгора
- околу 100 гр темно чоколадо
Подготовка
Во еден поголем длабок сад се помешуваат малинките со шеќерот и се оставаат на страна.
Во мал широк сад се помешува ликерот од портокали со сирупот од слатко и со водата, се остава на страна.
Во мало тенџерче се матат со жица жолчките со прах шеќерот и ванилата на пареа или на тивок оган да се добие бледо жолта пенлива смеса, а температурата на кремот да е 70 C ако се плашите од Salmonella. Се остава да се олади.
Во голем сад се разматува со жица Mascarpone сирењето. Во него се додаваат оладените жолчки и повторно добро се исмешува.
Во бакарен или сад од инокс се ставаат белките, се додава малку cream of tartar и се мати со миксер да се добие мек снег.
Белките секогаш матете ги во метале сад или во стаклен, зошто во пластичен никогаш нема баш добро да се изматат. Сега непрестано матејки додавајте една по една лажица шеќер додека не добиете густ и сјаен снег и целиот шеќер не се растопи.
Ако немате cream of tartar сега додадете го едното лажиче сок од лимон и повторно добро изматете, тоа ќе го стабилизира снегот од белки.
Една третина од снегот од белки додадете во кремот од сирење и жолчки, па измешајте со жица да се размекни малку. Потоа уште во два наврати додавајте ги белките мешајки многу внимателно превртувајки ја смесата одозгора кон горе, внимавајки да не ги спласните белките или да не ви стане кремот преводлест. На крај треба состојките да бидат потполно соединети.
Во длабок сад во кој ке ви стои колачот, со димензија 23х31 наредете една до друга пишкоти, секоја потопувајте ја во сирупот и покријте го потполно дното на садот. Одозгора распоредете ги половина од малинките заедно со нестопениот шекер и дел од сокот кој го испуштиле. Покријте со 1/3 од кремот. Повторно наредете еден ред натопени пишкоти, втората половина од малинките и втората третина од кремот. Следува уште еден ред натопени пишкоти и врз нив последната третина крем. Одозгора нарендајте го темното чоколадо. Можете да посипете и со какао, чоколадо во прав или да премачкате со тенок слој изматена слатка павлака.
Покријте лабаво со транспарентна фолија и заборавете го колачот во фрижидер до другиот ден.
Сечете на коцки и послужете го ладно.
Во ова Тирамису на сликите доцна утврдив дека немам доволно малинки, па има и околу 100 гр капини