Чоколадни коцки
Состојки
- 100 милилитри млеко
- 100 грама оризови снегулки
- 100 грама сечкани ореви или лешници
- 30 грама путер
- 200 грама чоколадо( било какво )
Подготовка
Во топло млеко го ставаме чоколадото да се растопи, потоа ги додаваме останатите состојки и мешаме додека смесата не се згусти и соедини. Смесата ја истураме во мал правоаголен плех, го обложуваме со фолија и го ставаме во фрижидер да се стегне. Се сече по желба.