Интегрални палачинки

Состојки
- 250 гр инегрално пченично брашно
 - 250 гр тип 500 брашно
 - 1 јајце
 - 1 лажичка сол
 - 1 лажичка шеќер
 - 20 гр сончогледово ладно цедено масло
 - 100 гр млеко
 - 250 гр кисела вода
 
Подготовка
Прво се мати јајцето со шеќерот ,па се додаваат останатите состојки освен брашното.Кога се добро ќе се измати постепено се додава брашното .Смесата е готова и треба да биде средно густа .Тавчето за палачинки се загрева и се премачкува со масло.Доколку е потребно мачкајте го тавчето и за другите палачинки.
По желба се филуваат со крем или мармалад од сливи(може и кајсии)
Добар апетит