Испечати

Крцкав десерт со праски

Крцкав десерт со праски

Состојки

  • подлога
  • 1 чаша брашно
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/2 чаша путер
  • фил
  • 10-тина праски
  • 1 чаша шеќер
  • 1/4 чаша густин
  • прелив
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1/4 чаша брашно
  • 5 лажици путер
  • 1/4 лажичка ѓумбир
  • 1/4 лажичка цимет
  • 1 ванила

Подготовка

Начинот на подготовка за мене беше новина, прв пат го спремам, но резултатот беше неверојтно вкусен. Ем крцкаво, ем сочно.....мммм....

Значи вака. Најпрво се сечкаат праските и се посипуваат со неколку лажици шеќер да пуштат сок. Се ставаат во цедалка и сокот од праските се собира во посебен сад.

За тоа време се подготвува подлогата. Сите состојки се замешуваат, путерот се додава исечкан на коцки и се става во мало плехче да се печи на 180 степени 20-тина минути или додека не зарумени.

Сокот од праските се вари неколку минути заедно со шеќерот и густинот, па одкако ќе се подизлади се додаваат праските и се става врз подлогата.

Сите состојки за преливот се мешаат заедно, да се добијат како грутчиња и се посипуваат врз филот.

Се става во рерна уште 20-тина минути на 180 степени.

Уживајте!!!