Испечати

Кремаста салата од цвекло, пилешко месо и кисела павлака

Кремаста салата од цвекло, пилешко месо и кисела павлака

Состојки

  • 1 главица средна цвекло
  • 200 гр остатоци од пилешко печење
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 лажица мајонез
  • 2 млади кромидчиња
  • 2 лажици сусам + 1 лажица семки од сончоглед- тостирани.
  • сол и бибер по вкус

Подготовка

Често пати ми останува белото месо од печено пиле, па го користам во салати.

1. Главицата цвекло ја вариме во малку посолена вода. Ја процедуваме од течноста и оставаме да се излади. Во чашата на нутрибулет убаво го ситниме цвеклото. Исто во чашата на нутрибулет го сецкаме и белото, печено пилешко месо.
2. Во сад ги соединуваме цвеклото, месото, киселата павлака, мајонезот, сол, бибер, тостираните семки и сецканите млади кромидчиња.
Промешуваме и ја оставаме салатата во фрижидер да одстои 30 минути.
Потоа ја сервираме и конзумираме.

До колку сакате може да користите и кисело цвекло од тегла,како побрза варијанта.