Испечати

Чоколаден куглоф со чоколадо и вишни

Чоколаден куглоф со чоколадо и вишни

Состојки

  • 200гр. просеано брашно
  • 1 ќесичка пудинг од чоколадо
  • 1 лажица чоколадо во прав
  • 1 пециво
  • 4 јајца
  • 125гр. шеќер
  • 1 ванила
  • 150мл. масло
  • 200мл. топло млеко
  • по потреба вишни од слатко
  • Глазура
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 6 лажици млеко
  • 3 лажици масло

Подготовка

Во еден сад се мешаат сувите состојки.

Во друг сад прво се матат јајцата со додавањето на шеќерот, па редоследно останатите водени состојки.
Потоа се додаваат сувите состојки.

Се излева во намрсен и набрашнет калап за куглоф.

Се става да се пече во загреана рерна, за време од околу 40 мин. на 180 степени или до сува чепкалка.
Но, откако ќе поминат неколку минутки, штом фати коричка кексот, се додаваат вишните и се продолжува со печење.

Изладен се прелева со глазура, која сме ја подготвиле на тој начин што го топиме чоколадото со млекото и маслото.

На здравје!