Испечати

Ресана торта

Ресана торта

Состојки

  • 600гр ресани
  • 100гр чоколадо за готвење
  • 100гр сецкани ореви
  • 1кг млеко
  • 2 пудинга од ванила
  • 2лажици брашно
  • 1 маргарин
  • 250гр шекер во прав
  • 3 жолчки

Подготовка

Во соодветен сад се дробат ресаните, па се става и чоколадото исецкано и сецканите ореви.
Од млекото одделуваме малку настрана и таму ги раствараме двата пудинга и двете лажици брашно и го вариме пудингот. Кога е веке готов го оставаме да се олади.
Во мегувреме го мешаме маргаринот со шеќерот во прав и ги додаваме трите жолчки-матиме убаво се заедно и откако ке се олади пудингот се размешува се заедно и таа смеса се истура врз ресаните.
Промешуваме убаво со дрвена лажица и ја формираме тортата во чинија или во калап.
Декорираме по желба.