Овошна торта
Состојки
- 2 јајца
- 1 филџан шекер
- 1 филџан јогурт
- пола филџан зејтин
- 2 филџани брашно
- 1кг млеко
- 2 пудинга од ванила
- овошје по желба може вишна,јагоди,банани,киви околу 1кг
Подготовка
Двете јајца ги матиме убаво со шеќерот. Откако ќе се изматат се додава зејтинот, јогуртот, брашното и пецивото и помешуваме се заедно со дрвена лажица.
Смесата се става во тепсија бр.28 и се пече на загреана рерна од 250с додека да се зацрви па намалуваме на 180.
Кога ке биде готово тестото се сече на половина со конец или нож.
Во млекото го вариме пудингот и кога ќе биде згуснат го оставаме да се олади.
Од оладениот пудинг прво мачкаме врз едната кора, па редиме овошје. Кај мене на сликата е со банани, па ја ставаме и другата кора и го премачкуваме останатиот пудинг. Одозгора ставаме еден шлаг крем и врз него редиме повторно овошје за декорација.