Испечати

Пита од апарагус – шпарога, вкусот на медитеранот…

Пита од апарагус – шпарога, вкусот на медитеранот…

Состојки

  • За тесто
  • 200 гр. брашно
  • 100 гр. маслац или маргарин
  • малку сол
  • 50 мл. вода
  • За фил
  • 400 гр. шпарога-аспарагус по нашки
  • 100 гр. шунка
  • 200 гр. кисела павлака
  • 4 јајца
  • 50 гр. сирење
  • малку црн пипер

Подготовка

1. Се замесува тестото од наведените состојки и се остава во фрижидер да одстои околу 1 час. Се вади и се расукува во кора поголема од тавчето и се поставува на дното и зидовите на тавчето.
2. Се вари шпарогата и се остава да се цеди.
3. Шунката се сецка или ренда и се посипува по дното на тавчето врз тестото.
3. Се клапат добро јајцата како за пандишпан, се додава киселата павлака и се продолжува со кратко разбркување, се додава изренданото сирење и црниот пипер.
4. Вака приготвениот фил се налева врз тестото, се реди шпарогата и се пече на 225 степени околу 30 минути.
Совет
Откако ќе го замесам тестото додека стои го варам аспарагусот, така да додека се добро исцеди тестото е веке готово да се сука. Јас денес ставив обичната посебна салама...некако нај не ми мириса, значи било кое сувомеснато може да ставите.