Зеленчук со хопла
Состојки
- 1 Брокула
- 2 Компири
- 4 Моркови
- 1 Солена Хопла
Подготовка
Овој рецепт навидум звучи и изгледа сомнително, но не можете да претпоставите колку е вкусен!
Измијте ја и исецкајте ја брокулата на најмали парченца. Излупете и исецкајте го компирот на коцки (не премали). Исецкајте го морковот на коцки или кругчиња.
Сварете ги трите зеленчуци и исцедете ги!
Во тавче ставете ја солената хопла, зачинете ја со вегета и бибер, и нека прокрчка додека не се стопи. Додајте го зеленчукот и мешајте и прокрчајте!
Сервирајте и уживајте во овој топол оброк!