Лејди ди торта
Состојки
- 1кг млеко
- 3 пудинг од ванила
- 1 4 лажици шеќер
- 1 маргарин
- 500 грама бисквити
- 1,5 кг банани
- 2 млечни чоколади
Подготовка
Еден мал дел од млекото се остава и во него се раствара пудингот. Остатокот заедно со шеќерот се става на оган да зоврие. Се додава пудингот и се прави густ крем кој се остава да олади. Кога ќе е оладен се соединува со маргаринот.
Во овој крем се додаваат кршени бисквити, сецкани банани и сецкана чоколада. Се заедно се меша да се соедина смесата и се обликува тортата по желба . Исто и декорацијата е по своја желба .