Испечати

Пирамида

Пирамида

Состојки

  • За пандишпан
  • 1 јајце
  • 10 лаж шеќер
  • 9 лаж млеко
  • 1 прашок за пециво
  • За шербет
  • 350 мл вода
  • 10 лаж шеќер
  • За фил
  • 500 мл млеко
  • 10 лаж шеќер
  • 1 пудинг од чоколада
  • 4 лаж брашно
  • 3 лаж какао
  • 125 гр маргарин

Подготовка

1. Пенесто се мати јајцето со шеќерот. Потоа не престанувајќи со матењето се додава млекото.
Во смесата се додава брашно по потреба и прашокот за пециво додека да се добие тесто како за кифли.
2. Тестото се дели на 21 топче, и од секое топче се прави стапче. Стапчињата треба да се во дебелина од 0,5 см.
3. Се редат во подмачкано тавче од шпорет и се печат на 180 степени околу 10 мин. Несмеат да се препечат, доволно е само да им се зарумени долниот дел.
4. За шербетот
Се ставаат шеќерот и водата на оган да зовријат и се оставаат уште 5 мин да вријат.
5. Стапчињата треба да се ладни, а шербетот да е подизладен. И кога ќе впијат од едната страна се превртуваат од другата страна.
6. За филот
Млекото се става на оган со шеќерот да зоврие. Одкако ќе зоврие во него се додава пудингот измешан со брашното и малку млеко и какао.
Кога ќе се олади се додава во пенесто изматен маргарин.
7. За филувањето - се редат 6 стапчиња па се става фил, па се редат 5 стапчиња па фил и така натаму додека да се стигне до 1 стапче. Целата пирамида се филува и од надворешната страна.
Може да се декорира со мелени ореви или рендана чоколада.