Испечати

Мото колачиња

Мото колачиња

Состојки

  • Тесто*
  • 200 г. путер
  • 350 г. брашно
  • 1 белка
  • 1 лажица кисела павлака
  • 120 г. шеќер во прав
  • 2-3 лажици чоколадо во прав
  • Фил*
  • 100 г. путер
  • 50 г. шеќер во прав
  • 200 г. чоколадо
  • 1 лажица рум (или екстракт од рум)

Подготовка

1. Од состојките за тесто ја замесуваме смесата и ја делиме на два еднакви дела.
2. Во едниот дел го ставаме чоколадото во прав и добиваме две теста едно светло едно темно.
3. Темното тесто го расукуваме во кора со дебелина од 3-5мм.и со помош на калап вадиме округли форми од тестото. Ги ставаме во тава обложена со хартија и печеме на 200 Ц. 5-9 мин.
4. Истото го повторуваме и со светлото тесто само што во средина правиме мала дупка со помош на дрвена лажица.
5. Фил* Путерот и шеќерот во прав ги матиме и го додаваме претходно стопеното чоколадо на пареа во кое сме додале рум.Се заедно убаво матиме.
6. На секое темно тесто филуваме со пола лажичка од филот и го затвараме со белото тесто.