Плетенка од макарони
Состојки
- 400 гр ситни макарони
- 500 гр димено месо (јас користев батаци димени)
- 100 гр фета сирење
- 1/4 страк праз
- бешамел сос
- 3 лажици брашно
- 300 мл млеко
- 50 гр маргарин
- за полевање
- 3 јајца
- 150 гр павлака
Подготовка
1. Макароните варете ги во посолена вода со малку масло. Не ги варете до крај оставете напола варени. Исцедете ги од водата и пуштете им малку ладна вода во цедалката.
2. Во тава ставете го празот ситно исецкан и динстајте го на сосема малку масло заедно со исецканото месо. Динстајте го околу 5 мин и тргнете од оган.
3. Подгответе го бешамел сосот. Во тавче ставете го маргаринот, кога ќе се растопи додадете го брашното, пропржете додека да зарумени и додадете го млекото. Варете додека да се згусне сосот. Подготвениот сос додадете го во местот и убаво измешајте.
4. Во калап убаво премачкан со маргарин, ставете половина од макароните, па додадете го месото со сосот, одозгора изронете го фета сирењето и одозгора ставете ги останатите макарони.
5. Ставете во загреана релна на 200 степени 5 мин. За тоа време измешајте ги јајцата со павлаката. Извадете го калапот од релна полијте со јајцата и вратете во релна. Печете уште 20 тина мин додека убаво да зарумени.
Денес не знаев што за ручек, па решив малку да си играм комбинирање. Калап може било каков, одговара и помал куглов а немора ни во калап да биде, може во најобично тавче. Вкусно е многу, па тавата и формата ама ич не се битни.
Добар апетит