Погачки со афион и магдонос
Состојки
- 500гр брашно
- 1 квасец свеж
- 250гр вода
- 1-2лажици сол
- 50гр афион
- 1 китка-помала магдонос
- 1мала лажичка рузмарин
- 100гр маргарин
Подготовка
Квасецот се покиснува во водата да стаса и се замесува тесто со брашното, солта, ситно сецканиот магдонос, сецканиот рузмарин и афионот. Тестото ќе биде помеко и се остава да стаса. Откако ќе стаса се развлекува кора која се мачка со маргарин и се витка како ролат. Од свитканиот ролат се сечат парчиња со дебелина од 1-1,5 см. и се редат легнати во тава за печење. Над секое парче се става по малку маргарин и стасани се печат.
Погачките се многу вкусни а и декоративни дури мислам дека ладни се поубави затоа што доаѓа до израз мирисот и вкусот на зачините.