Испечати

Чорба од праз

Чорба од праз

Состојки

  • 1 поголем страк праз
  • 4 средни по големина жолти компири
  • по 1 масла лажичка сол и вегета
  • 50 гр. маслац или маргарин
  • 850 мл. вода
  • по ваш вкус бибер

Подготовка

Се користи само белиот дел од празот.
1. Измиениот праз се мие, тенко се сечка на кругови.
2. Комприот се сечка на ситни коцкички.
3. На тивок оган во тенџерето во кое ќе ја спремаме чорбата го растопуваме маслацот или маргаринот, додаваме насецканиот компри и го динстаме околу 5 мин. (споменав дека треба да е на тивок оган). Го залеваме со вода колку да го покрие компирот, да се осоли и се вари околу 5 мин. За тоа време уште еднаш со ножот се скорз исецкува празот.
4. Се трга тенџерето од оганот, со гмечалка, се додава празот и останатиот дел од водата, се додава вегета и бибер, се врака на оганот да се довари. Се вари околу 20 мин.
Доколку не е солено - досолете.
Јас сакам во мојот тањир да си додадам и кисела павлака.