Испечати

Затар

Затар

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 1/2 лажиче сол
  • 1/2 лажиче шекер
  • 150 мл вода
  • 100 мл зејтин
  • за фил
  • 150 гр спанаќ
  • 3 врзопчиња млад кромид
  • неколку ливчиња свеж босилек
  • 2 лажичиња оригано
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици зејтин

Подготовка

1. Се разматува квасецот во топлата вода со солта и шекерот. Се остава да стои 15 мин. Потоа се замесува глатко и еластично тесто. Се остава да стои 30 мин.
2. Сега се прави филот-
кромидот се сецка на кругчиња, а спанакот и босилокот - ситно. Се става во длабок сад, се додаваат другите состојки и добро се промешува. Се дели на 4 дела.
3. Се набрашнува работната површина и лесно ле премесува. Се дели на 4 дела. Од секој дел се прави топче и се сука мала кора со дебелина од 3-4 мм. Во средината се става 1/4 од филот, се завиткува како плик и се остава настрана. Така се прават и другите топчиња. Сите четири се оставаат да постојат 10 мин.
4. Се ставаат затарите во плех со пекпапир (мене ми требаа два плеха), со дланка се истенчуваат на 7-8 мм дебелина и се премачкуваат со зејтин. Се печат во загреана рерна на 220 степени, околу 20 мин. Кога ќе се извадат, пак се премачкуваат со зејтин. Се служат топли со сирење, павлака, јогурт...
За секој роденден се трудам да ги изненадам моите пријателки со по некој нов рецепт. Така, овој рецепт за првпат го правев пред пет дена. Го видов на ТВ, во емисијата на Лепи Брка и се решив за него. Сите бевме многу пријатно изненадени од вкусот на овој вид пита. (Јас бев скептик поради јакиот мирис на младиот кромид). Моите пријателки си заминаа, секоја носејки го со себе рецептот, зашто од затарите ништо не остана.
Бидејки знаев дека Затар е зачин што се употребува на блискиот исток, ме интересираше зошто ова јадење се вика така. И најдов дека затарот е вид зачин од фам. Оригано, па бидејки ние не го употребуваме, како наша алтернатива многу успешно е употребен оригано.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола