Домашни кифлички
Состојки
- 1 кг брашно
- 500 мл млеко
- 1 коцка квасец
- 1 шоља (250 мл) зејтин
- 2 лажици сол
- 2 лажички шеќер
- сусам за посипување
- жолчка за премачкување
- маргарин по потреба
Подготовка
Квасецот ставете го во млекото кое е пртходно стоплено (не врело ) заедно со шеќерот, солта и една лажица брашно да стаса. Ставете го брашното во подлабок сад и направете дупка во средината. Сипете го зејтинот во брашното и додадете го стасаниот квасец. Замесете меко тесто кое не се лепи на рацете. Убаво измесеното тесто оставете го на топло да стасува 1 час. Премесете го и оставете уште 15-20 мин .
Од тестото извадете околу 35-40 топчиња. Секое топче исукајте го во должина, со нож на едниот крај направете неколку рецки и завиткајте во кифличка. Или можете да правите форми како што ви одговараат.
Премачкајте ги кифличките со жолчка посипете со сусам, на секоја кифличка ставете одозгора по едно парченце маргарин и ставете да се печат на 200 степени околу 15 мин.(зависно од релната)додека да поруменат.