Испечати

Вкусни лепени колачиња

Вкусни лепени колачиња

Состојки

  • 400-500 гр брашно
  • 200 гр маргарин
  • 150 гр шеќер
  • 1 јајце
  • 2 жолчки
  • малку сол
  • 2 ванили
  • 1/2 пециво
  • малку рум
  • 150-200гр мелени ореви
  • 2 белки
  • 1 рендана кора од лимон
  • 200 гр еурокрем

Подготовка

Се мати маргаринот, шеќерот, ванилите, јајцето, 2 жолчки, ренданата кора од лимон, румот и на крај се додава брашното. Се меси тесто исто како за ванилици и се остава во фрижидер 30 минути. Потоа тестото се сучи во кора (не многу тенка) и со мала чаша или модла се вадат кругови. Белката се мати со вилушка убаво и секое колаче се макнува во белките па се прпелка во мелените ореви и се редат во плех обложен со хартија за печење. Се печат на 180 степени околу 15-20 минути па се оставаат да се изладат. Потоа се зема едно колаче се мачка со еурокрем и се лепи со друго колаче.Истото се повторува со сите колачиња.
Уживајте!