Испечати

Лесна торта со мармалад

Лесна торта со мармалад

Состојки

  • пандиспања
  • 4 жолчки
  • 200гр шеќер
  • 200мил млеко
  • 200мил масло
  • 300 гр брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • фил од белки
  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер

Подготовка

Се матат 4 жолчки со 200 грама шеќер и ванилата, па се додава млекото, маслото и на крај брашното со пецивото. Се пече во правоаголен плех. Додека се пече пандиспањата се матат белките со 6 лажици шеќер. Кога е испечен пандишпанот се премачкува со мармалад по ваша желба ( јас најчесто користам од сливи или од праски) и се премачкува со белките па повторно се враќа во рерна уште 15 мин на умерен оган да се запечат малку белките.Се остава да се олади и се сече на коцки или правоаголници, па се препуштате на слаткото лесно уживање