Печени компири со црвен пипер
Состојки
- 500 гр компири
- 2-3 лажици црвен пипер
- 1 лажица зачин
- 100мл масло
Подготовка
Компирите ги лупиме, ги сечеме на долгнавести, подебелки парчинња, ги ставаме во тепсија, го додаваме пиперот, зачинот и маслото, мешаме се заедно и печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.