Испечати

Цимет ролнички – како ги правам јас

Цимет ролнички – како ги правам јас

Состојки

  • За тесто
  • 1/4 шоља вода
  • 1 шоља полномасно млеко
  • 1/2 шоља стопен путер
  • 1 големо јајце
  • 1 кесичка ванила
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 шоља ситен шекер
  • 4 1/2 шољи високоглутенско брашно (ако намате такво, заменете со брашно за леб)
  • 7 гр сув квасец
  • За фил
  • 1 шоља кафеав шекер
  • 2 лажици цимет
  • 112 гр маргарин на собна температура
  • За прелив
  • 55 гр крем сирење АБЦ
  • 55 гр маргарин
  • 110 гр шекер во прав
  • 1 лажичка арома ванила
  • 1 лажичка арома лимон

Подготовка

Се топи путерот и во него се додава водата и млекото. Се меша и се остава да подолади. Се додаваат преостанатите состојки по нaведениот редослед и се месат во миксер на средна брзина 10 мин. додека не добиете мазно и еластично тесто. Оставете го да стаса околу 1 час. Може и да го ставите во машина за леб на програма само за месење и киснење, а потоа да продолжете со обликување.
Расукајте го тестото во правоаголник 38 x 61. Пократката страна нека биде кон вас. Премачкајте го тестото со маргаринот на собна температура оставајки на работ најблизок до вас околу 2 цм не намачкани. Помешајте ги циметот и шеќерот па посипете преку маргаринот. Втиснете ја смесата од шекер и цимет со рака или поминете преку неа со оклагијата. Сега завиткајте го тестото во цврст ролат почнувајки од страната која е најдалеку од вас. Добро затворете го работ. Поделете го ролатот на 15 ролнички. Може и со нож, а јас го сечам со конец. Ќе го провлечам конецот под ролатот и ќе ги вкрстам краевите.
Подгответе 3 плехчина 22 x 22 цм и ставете во нив хартија за печење. Можете да печете и во една поголема тава, ама вака се добиваат најубави ролнички. Наредете ги ролничките со пресечените страни нагоре , покријте со транспарентна фолија и оставете да стасаат, да бидат скоро удвоени, околу 1 час.
Додека тестото стасува подгответе го преливот. Крем сирењето и маргаринот оставете ги да стојат надвор од фрижидер 1/2 час. Во еден средно голем сад матете ги со бавна брзина на миксерот 2 мин. а потоа со најголема брзина 10 мин. Додадете половина од количеството шеќер во прав, матете 1 мин., додајте го преостанатиот шеќер во прав, матете уште 1 мин, додајте ги и аромите и матете уште една мин. Оставете го преливот во на страна.
Загрејте ја рерната на 165 C. Печете ги ролничките 30-35 мин. Ова е време за мали плехчина кои ги печете секое поединечно. Ако печете во поголема тава, прилагодете го времето. На крај треба да бидат сосема малку кафеави одозгора. Не е тоа тоа ако се препечени.
Врели, што туку извадени од рерна се премачкуваат со преливот.
Уживајте. Ако сте јаделе Cinnabon, ова е многу блиску :))))