Испечати

Колачи со сало

Колачи со сало

Состојки

  • 400гр брашно
  • 200гр сало-свинска маст или маргарин
  • 150гр шеќер
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 1 портокал или лимон-кора изрендана
  • 100гр чоколада или прав шеќер за декорација
  • 250гр мармалад по желба

Подготовка

Се замесува тесто од сите состојки. За подобар мирис јас користам рендана кора од портокал или лимон. Со модлички се ваѓаат колачи по желба и се печат во плех на хартија. Одкако ќе се испечат, се лепат по две со мармалад и се декорираат по желба со чоколада за кување или се поросуваат со шеќер во прав