Испечати

Запечен компир со павлака

Запечен компир со павлака

Состојки

  • 5-6 компири
  • 200- 250 гр кашкавал
  • 250 мл неутрална павлака (хопла)
  • малку зејтин
  • вегета и бибер по вкус

Подготовка

1. Состојките се за плех од шпорет. Ако правите во помало тавче намалете ги.
Се лупат компирите и се сечат на кругови колку што може потенко. Се редат на намастен плех скалесто додека да се исполни целиот плех. Зачинете одозгора.
2. Врз компирита се ренда кашкавалот да се покријат компирите и потоа рамномерно насекаде се сипува од павлаката.
3. Се пече во загреана релна на 180 степени околу 40-45 мин. Додека компирот да се испече и одозгора да добие убава румена боја.
4. Убава варијанта на компир,пробајте нема да зажалите
Добар апетит
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер