Чоколадна торта со мелен двопек
Состојки
- 200мл вода
- 2оогр шеќер
- 100гр какао поквалитетно
- 100гр чоколада за готвење
- 8 жолчки
- 250гр маргарин
- 200гр шеќер во прав
- 8 белки
- 100гр шеќер
- 4лажици двопек мелен
- 4лажици брашно
- 1 пециво
- 4лажици од филот
Подготовка
Прво се вари филот.
200мл вода се става на оган со 200гр шеќер, 100гр какао и 100гр чоколада да проврие. Постојано се меша и се добива мазна компактна смеса. Одкако ќе се олади кон смесата се додава маргаринот пенасто изматен со шеќерот и 8 жолчки. Двете смеси убаво се соединуваат и се добива прекрасен чоко фил
Кора
8 белки се матат во цврст снег, па им се додава 100гр шеќер, 4 лажици двопек, брашно, пециво и 4 лажици од претходно подготвениот фил. Смесата се меша и се истура во плех на хартија да се пече. Откако ќе се испече се сече на пола и се филува внатре и одозгора. Најгоре може да се стави посебно чоко глазура, ама не мора затоа што филот е толку мазен може да се изведе некоја декорација.