Испечати

Пролетни топчиња

Пролетни топчиња

Состојки

  • 4 варени јајца
  • 300 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 2 млади кромитчиња
  • 2 белки
  • 1 лажица вегета
  • бибер по желба

Подготовка

1. Шунката, кашкавалот, јајцата и кромитчињата ги сецкаме ситно и ги ставаме во поголем сад. Додаваме вегета и бибер по желба. Белките лесно ги проматуваме и ги сипуваме во садот. Се меша убаво целата смеса да се соедини.
2. Со намастени раце земаме од смесата и правиме топчиња кои ги ставаме во тава обложена со хартија за печење. Се печат во загреана релна на 200 степени околу 20-25 мин.
3. Вака ги дотрошив и последните велигденски јајца. Мислам дека веќе ни е доста од јајца, строго забрането ми е да сварам јајца најмалку 2 недели )))))