Бомбици со јаболка
Состојки
- 1кг јаболки
- 500гр бисквити
- 1 маргарин
- 250гр шекер во прав
- 250гр сецкани ореви
- 3лажици какао
Подготовка
Јаболките се лупат и се рендат од едрата страна на рендето-сокот од нив се процедува. Бисквитите се мелат и се стават кај јаболките.
Во тенџере на оган се става маргаринот да се растопи, па се додава шеќерот и какаото.Кога ке се олади смесата се истура врз јаболките и бисквитите, се меша убаво со рака и се формираат бомбиците.
На крај се украсуваат со кокос, шарени мрвици, со мелени ореви и се ставаат во хартиени корпи.