Полска супа
Состојки
- 2 литра вода
- 2 млади цвекла
- 400 мл. кисело млеко
- 2 лажици сол
- 2 лажици веѓета
- 1 лажица оцет
- 1/2 лажичка шеќер
Подготовка
1. Водата ја ставаме на оган, заедно да две лажици сол, половина лажичка шеќер и малку оцет да зоврие.
2. Кога водата ќе почне да врие, се додава исецканото цвекло и две лажици вегета.
3. Се остава на оган 10-тина минути. Се трга супата од оган да се олади. Откако ќе се олади, се става во фрижидер да отстои неколку часа.
4. Откако супата ќе се олади убаво, во чинија го истураме киселото млеко и ставаме една црпалка од супата. Пробркуваме додека не се соединат и потоа киселото млеко од чинијата го додаваме во супата. Повторно пробркуваме.
5. Супата се сервира ладна.