начос
Состојки
- 300гр патос чипси
- пола кг мелено месо
- 250гр кашкавал
- 7-8 печурки шампињони
- една кисела павлака
- една пиперка
- една главица кромид
- зачини рузмарин,босилек и сол
Подготовка
1.Меленото месо се пропржува со претходно исецканиот кромид,се додава малку сол и масло
2.Во земјен сад најпрвин се редат чипсите патос да нема отвори измеѓу
3.Потоа се става од меленото пржено па сецкани печурки,сецкан на парчиња кашкавал,пиперката во кругови,рузмарин и босилек по желба
4.Потоа одозгора повторно се редат патос чипсите,па состојките,постапката се повторува додека стигниме до најгоре на садот каде ставаме патос чипси
5.Одозгора врз целата смеса се става кашкавал,и ја потураме со павлаката која претходно ке ја изматиме со малку вода
6.Се печи на 180ц околу 20 мин