Ружички
Состојки
- За Ружичките*
- 200 гр. чоколадо за готвење
- 100 гр. млечно чоколадо
- 1 лажица зејтин
- Бисквит*
- 3 јајца
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 3 лажици зејтин
- 1 лажица какао
- Полнење*
- 200 гр. слатка павлака
- 100 гр. мелени бисквити
- 100 гр. мелени ореви
- 7-8 лажици мармалад
Подготовка
1. Се растопува чоколадото на пареа и со четка се премачкуваат калапите одвнатре.Откако ке нанесете еден слој се става во фрижидер да се стврдне чоколадото.Се повторува и се нанесува и втор и трет слој.
2. Додека се ладат слоевите чоколадото се држи на пареа да не се стврдне.
3. Бисквитот се спрема така што се матат јајцата со шекерот убаво па се додават другите состојки и се пече на плех од шпорет на 180 Ц.
4. Бисквитот се лади и со чаша се сечат 12 кругови така што големината да одговара на кругот од ружичките.Тоа се подлогите за ружичките.
5. Остатокот од тестото се рони се додава мармалад,мелени бисквити и мелени ореви и остатокот од чоколадото.Се заедно измешајте во една компактна смеса.
6.Слатката павлака се мати.
7. Се рапоредува слатка павлака во секоја ружичка,преку неа се става од полнењето и се затвара со круговите од тесто.
8. Се оставаат уште малку да се оладат во фрижидер и потоа внимателно се вадат од калапите и.... уживајтее!!
Смесата е за 12 ружички.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Касерола