Испечати

Кугел од спанак

Кугел од спанак

Состојки

  • 700 до 1 кгр. спанак
  • 4 големи компири
  • 3 стракчиња млад кромид
  • 200 гр. кашкавал
  • 3-4 варени јајца
  • зачини сол, бибер, вегета

Подготовка

Овој кугел е одлично решение за остатокот од Велгиденските јајца- идеја како да се потрошат, -
1. Се варат компирите и се гмечат како за пире.
2. Очистениот и измиен спанак се става во тенџере и се остава така на тивок оган да омекне и да ја испусти водата која ја содржи. Се трга, се цеди од водата која останала и се дроби.
3. На маслац или зејтин се пропржува на кратко младиот кромид, се додава здробениот бланширан спанак, се продолжува да се пржи околу 5 мин.
4. Испржениот спанак и кромид се додаваат во пирето од компирот, се промешува, се зачинува и осолува.
5. Се додава 100 гр. рендан кашкавал и се пак промешува.
6. Тавчето во кое ке го спремате кугелот премачкајте го со маргарин и исипете го вака спреманото пире. Со лажица израмнето го и направете влдабнатини каде што ке се стават јајцата и тоа толку на број колку што планирате да ставите јајца.
7. Ставете го на кратко да се подпече во рерната. Откако се запече извадете ја тавката и наредете ги на пола сечените јајца - а може и цели. Посипете го остатокот од ренданиот кашкавал и вратете во рерната да се стопи и сосема малку запече кашкавалот.
Совет
Можете слободно да ја зголемите количината на кашкавалот, јас го напишав рецептот онака како што денес го спремав. Внимавајте при зачинувањето на пирето и осолувањето, водете сметка дека кашкавалот дополнително ке го осоли. Се служи малку оладено како би се сечело солидно убаво парче, а истовремено ке ви биде и декоративно.
Денес го спремав и од нестрпление - секој некаде брза, се исече веднаш кога се извади од рерната и ефектот од сликата која е прилог насловот, неможете да го забележите. Спремањето на овој мој кугел нема да ви одзема време, а истовремено паметно сте ги искористиле јајцата кои ви останале, односно доколку ви останале.
Бон Апетит!