Мазник
Состојки
- 1.5 кг брашно
- 1 лажичка сол
Подготовка
Во брашното додаваме 1 филџанче масло, сол и замесуваме со млака вода. Тестото убаво се меси и се дели на 16 топчиња. Секое топче се расплескува, од двете страни се премачкува со масло и се остава така да постои. Од секое топче се расукуваме кора, која се попрскува со масло и над неа се ренда сирење. Кората ја диплиме од двете страни кон средината, а потоа ги диплиме и краевите. Се витка кората. Така се прави со сите кори, се редат во тепсија и се печат.