Испечати

Јагода

Јагода

Состојки

    Хранливи вредности на јагодата:

    Вкусните и преполни со хранливи материи црвени јагоди спаѓаат во најпопуларните дудинки. Потекнуваат од Европа, а денес се одгледуваат како многу важна култура во повеќе региони со умерена клима, низ целиот свет. Ботанички, растението е ползач кој припаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Fragaria.

    Научното име на јагодата е Fragaria X ananassa.

    Овие дудинки имаат киселкаст вкус кој варира во зависност од сортата и може да биде од прилично благ до многу кисел. Внатрешно, плодот е исполнет со црвена пулпа, прошарана со ситни жолти семки кои ја прободуваат површината однатре нанадвор. На горниот дел има мал, листест врв и дршка што е прикачена на круната. Секоја дудинка има конусоидна форма, тежи приближно 25 грама и достигнува дијаметар од 3 сантиметри.

    Иако дивите јагоди понекогаш можат да се најдат на пазарите, масовната продукција на јагоди го користи ситемот на пластикултура. Со овој метод, се формираат леи секоја година, се запрашуваат и се покриваат со најлон, што пак спречува растење на пиреј и валкање на јагодите со земја.

    Здравствени придобивки од јагодите:

    • Јагодите имаат ниска калорична вреднсот (32 калории во 100 грама) и мала содржина на масти, но се богати со хранливи фито-материи кои се корисни за здравјето, витамини и минерали.
    • Јагодите имаат значително висока концентрација на фенолни флавоноидни фито-хемикалии наречени антоцијанини и елагична киселина. Научните истражувања покажаа дека конзумирањето јагоди може да има потенцијални здравствени придобивки во борбата против рак, стареење, воспаленија и невролошки заболувања.
    • Свежите јагоди се одличен извор на витамин Ц (во 100 грама има околу 98 проценти од дневно препорачаната доза), кој исто така е и моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори со воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали.
    • Ова овошје е богато и со витамини од Б-комплексот. Содржи многу добра концентрација од: витамин Б6, ниацин, рибофлавин, пантотенска киселина и фолна киселина. Овие витамини служат како кофактори кои му помагаат на телото во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.
    • Јагодите содржат витамин А, витамин Е и голем број здравствено корисни флавоноидни полифенолни антиоксиданси, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин, во мали количини. Овие состојки служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на бројни болести.
    • Јагодите содржат и солидна количина на минерали, како што се: калиум, манган, флуор, бакар, железо и јод. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага при регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Бакарот е неопходен во процесот на формирање на црвените крвни зрнца. Флуорот е важен дел од коските и забите и е неопходен за превенција на кариес.

    Избор и складирање:

    Јагодите се достапни во текот на целата година во продавниците, но се најсвежи и најквалитетни од рана пролет до средината на летото.

    Во продавниците, одберете ги јагодите кои се сјајни, имаат изразена боја, убаво прицврстени зелени врвови, добра цврстина и сочност и на кои нема траги од песок, земја или мувлија. Избегнувајте ги јагодите со знаци на мувлосување, засеци на површината или избледени делови. Недозреаните јагоди имаат зелени или жолти точки на површината и со оглед на тоа што престануваат да зреат многу бргу по бербата, ваквите јагоди треба да се избегнуваат, затоа што многу е веројатно дека тие ќе бидат многу кисели и инфериорни според квалитетот. Јагодите бргу се расипуваат и затоа треба да се купуваат најмногу до неколку дена пред употребата.

    Пред да ги складирате во фрижидер, отстранете ги јагодите кои биле зафатени од мувлија или се физички оштетени, за тие да не ги расипат и останатите. Ставете ги во длабока чинија или пак на плитка чинија покриена со хартија. Потоа покријте ги со најлонска фолија. Во фрижидерот ќе останат свежи ден-два. Изедете ги колку што можете побргу, а во спротивно, замрзнете ги и чувајте ги во замрзнувач.

    Употреба во кујната:

    За да ги измиете јагодите, потопете ги во студена вода, во длабок сад. Оставете ги неколку секунди и во тоа време, неколкупати нежно промешајте ги. Ова помага да се отстранат евентуалните остатоци од песок, земја или инсектициди. Потоа, нежно избришете ги со хартија или мека крпа. Овој метод исто така им помага на јагодите да се приспособат на собната температура, што го засилува вкусот. Потоа отстранете ги дршките и зелените врвови со прсти или пак со нож.

    Совети за приготвување:

    • Сечканите јагоди се одличен додаток за секоја овошна салата.
    • Јагодите можат да бидат одлична ужинка помеѓу оброци. Парчињата суви јагоди се користат при приготвувањето мусли за појадок.
    • Јагодите се многу популарни за додавање вкус во одредени млечни производи, како што се: милкшејк, сладолед, јогурт итн. Исто така, питата со јагоди е многу популарна.

    Здравствено предупредување:

    Јагодите можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои чувствителни лица. Најчестите симптоми на алергијата на јагоди се: потекување и вцрвенување на устата, усните и јазикот, егзема, исфрлање на кожата, главоболка, растечен нос, чешање на очите, отежнато дишење, гастроинтестинални потешкотии, депресија, хиперактивност и несоница. Лицата кои се сомневаат дека се алергични на јагоди треба да ги избегнуваат.