Погача, ем вкусна, ем украсна
Состојки
- 2 свежи квасца
- 250 гр топла вода
- 250 гр млеко
- 250 гр зејтин
- 1 кг бршно
- 5 лажици шеќер
- 2 лажици сол
- 100 гр растопен маргарин
Подготовка
1. Квасецот заедно шеќерот и солта се става во топлата вода да нарасне.
2. Се додаваат другите продукти и се замесува тесто (со миксер се меси околу 3 мин.).
3. Се остава да наресне тестото.
4. Тестото се дели на два дела, а секој дел на по четири топчиња.
5. Од секое топче се сука кора во големина на тавчето во кое ќе се пече (обично ставам во тавче бр.28)
6. Секоја кора се премачкува со маргаринот, па се редат една врз друга четирите кори. само на најгорната кора не се става маргарин.
7.Се пече 25 мин на 200 ст. С и 15 мин на 180 ст.С
Oд истотo тесто се прават и многу убави кифлички.