Испечати

Јогурт салата - алијас Јогуртино

Јогурт салата - алијас Јогуртино

Состојки

  • 500 мл. јогурт
  • 40 гр. желатин
  • малку сол - по ваш вкус
  • по ваш избор сецкани кашкавал, сувомесно, морков, корнишон (и ова по ваш избор)

Подготовка

1. Желатнот прелејте го со две лажици вода и оставете го да набабри.
2. Јогуртот на тивко внимателно подгревајте го, додајте го желатинот и бркајте се додека се истопи.
3. Тргнете настрана и мешајте го уште малку, чекајте да подзалади и додајте ги сите состојки што планирате да ги додадете.
4. Целата смеса ставете ја во модла во која вие сакате или поделете во други помали.

Јас денес дури полнев и испразнети јајца...