Испечати

Велигденски козунак

Велигденски козунак

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 2 мали јајца
  • 120-150 гр. шеќер
  • 180 мл млеко
  • 1 лажичка махлеб - зачин
  • 20 гр. квасец
  • 50 гр. маргарин
  • 1 лажица зејтин
  • За премачкување
  • 1 жолчка
  • 2 лажички млеко
  • 1/2 лажичка зејтин
  • Додатоци во тестото
  • по малку суво грозје, малку рендана кора од лимон и помаранџа или наједноставно, суво овошје кое ви го сакате

Подготовка

1. Во вангла ставете ги сите суви состојки, измешајте ги.
2. Во млекото растворете го квасецот.
3. Маргаринот треба да го ставите на собна температура да омекне, а може и да го малку растопите.
4. Во сувите состојки додајте го растворениот квасец во млекото,  јајцата, омекнатиот маргарин.
5. Со спиралните мешалки од миксерот (зборувам за обичен миксер) месето го тестото и тоа не малку време. Тестото се меси доволно долго додека не видите дека навистина е тоа станато воздушесто - лесно ќе го препознаете. Оставете го тестото да стаса. Вообичаено благи кисели теста киснат повеќе време, затоа ништо да не ви е чудно ако помине и 1 час откако сте го оставиле.
6. ВАЖНО - Кога веке стасало тестото, несмеете да го премесувате. Само поделете го на толку парчиња - јас обично три... и така растегајки ги само правам фитили за да сплетам каква - таква плетенка. Малку неуредно изгледа... ама во тоа е и целиот успех со ова тесто.
7. Сплетете го тестото и оставете го пак на подолго време да стаса. Премачкајте го со спреманата жолчка, ако имате гранули шеќер посипете... филиран миндал, јас во недостаток на гранули шеќер посипувам со ванили... ванилата нема да прегори во текот на печењето.
8. Ставете го да се пече на 180 степени предходно загреана рерна, а после 5-6 мин. намалете ја температурата. Треба да биде печено за околу 45 минути.

СОВЕТ
За да ви успее целосно овој рецепт, сите потребни состојки треба да се на собна температура.