Испечати

Кекс во јајце

Кекс во јајце

Состојки

  • 1 шола 200мл
  • 3 јајца
  • 1 шола шеќер
  • 1 шола млеко
  • 1/2 шола масло
  • 2 и пол шоли брашно
  • 1 прашок за печење
  • 2 лажици какао
  • 25 празни јајца, само лушпите

Подготовка

Сите состојки редоследно се миксираат, освен какаото. Смесата ја делиме на 2 нееднакви половини и во помалата го додаваме какаото и плус 2 лажици млеко.
*Во белата смеса додадете рендана кора од лимон, а во црната од портокал. (Доколку се одлучите на овие додатоци, тогаш место млеко во црната смеса додадете сок од портокал.
-Празни јајца... *се крши јајцето на врвот и се лупи колку ширина од палец. Содржината се истура, а празната лушпа се мие со млака вода и се остава да се исцеди од водата.
Кога ги имаме спремни празните јајца, ги редиме во калап за мафини за да можат да стојат исправени на газерот. Доколку калапот е широк, под јајцето пополнуваме со алуминиумска фолија. Така наредените јајца ги премачкуваме внатре насекаде со масло и ги полниме со лажиче од смесата (наизменично црна и бела за да ни дојдат шарени) малку повеќе од половина и ги ставаме во рерна да се печат околу 20-30 мин на 180 степени. Ќе знаете дека се готови откако ќе нараснат до отворот и со чечкалица проверувате да не лепи на неа.
Откако ќе се извадат од рерна, се оставаат малку да оладат, за да можат да се држат во рацете и внимателно се лупат.
Можите да ги сервирате такви во чинија, а можите и да ги наросите со шеќер во прав, или одозгора да стваите глазура од чоколада па над неа шарени трошки или кокос.
Ви посакувам добар апетит и честит празник Велигден!