Кајсија
Состојки
Хранливи вредности на кајсијата:
Вкусната кајсија со златно-портокалова боја е овојше кое едноставно мора да го вклучите во исхраната во летните месеци, за да ја победите жегата. Ботанички, кајсијата припаѓа во фамилијата Rosaceae од родот Prunus. Научното име на кајсијата е Prunus armeniaca.
Плодовите имаат речиси еднаква големина, со дијаметар од 4 до 5 сантиметри и тежат по приближно 35 грама. Структурно, кајсијата е овошје со јатка, една семка опкружена со месо. Семката е затворена во тврда лушпа, која често се нарекува и коска.
Свежите, зрели кајсии имаат благ вкус, сличен на сливите. Органските плодови сушени на сонце содржат концентрирани хранливи материи, многу повеќе од свежите, иако содржат помало количество витамин Ц.
Семките исто така се јадат и имаат вкус сличен на бадеми. Маслото произведено од семките се користи за готвење.
Здравствени придобивки од кајсијата:
- Свежите плодови имаат ниска калорична вредност, а се богати со растителни влакна, витамини и минерали. Преполни се со голем број фито-хемикалии кои се корисни за здравјето и кои помагаат во превенцијата од срцеви заболувања, го намалуваат ЛДЛ (лошиот) холестерол и обезбедуваат одредена заштита од некои видови рак.
- Кајсијата е одличен извор на витамин А и каротини. Двете соединенија имаат антиоксидантски својства и се клучни за добриот вид. Витаминот А исто така е потребен за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна природно богата со каротини му обезбедува заштита на телото од рак на белите дробови и усната празнина.
- Свежите плодови содржат витамин Ц, уште еден природен антиоксиданс. Витаминот Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси и да ги собере штетните, оксигенски слободни радикали.
- Кајсијата исто така е добар извор на минерали, како што се: калиум, железо, цинк, калциум и манган. Калиумот е минерал кој го заштитува срцето, важен дел од клеточните и телесните течности, кој помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.
- Тоталната антиоксидантска вредност на свежата кајсија е 1115 umol TE/100 грама. Голем дел од оваа вредност кај кајсијата се должи на флавоноидните полифенолни антиоксиданси кои се корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-криптоксантини. Сите овие состојки дејствуваат заедно, како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат улога во процесот на стареење и во развојните процеси на голем број болести.
- Зеаксантинот, каротиноид кој селективно се апсорбира во слузокожата во очите, се смета за супстанца која има антиоксидантски функции, но и дека обезбедува заштита преку филтрирање на светлината. На тој начин, конзумирањето на овошје како што е кајсијата, богато со зеаксантин, ги заштитува очите од „болести предизвикани од старост“.
Избор и складирање:
Сезоната на кајсиите трае од мај до септември. Купувајте свежи плодови кои имаат еднаква големина, златно-портокалова боја и богат вкус. Квалитетните кајсии треба да бидат цврсти или пак малку да попуштаат под нежниот притисок од палецот.
Избегнувајте ги оние кајсии со бледо жолта боја, затоа што тие биле набрани пребрзо. Зрелите кајсии се деликатни и со нив треба внимателно да се однесувате. Складирајте ги во фрижидерот, во делот за јајца. Користете ги колку што е можно побргу.
Употреба во кујната:
Измијте ги кајсиите со студена вода и внимателно избришете ги со мека крпа. Зрелите кајсии можат да се јадат цели, заедно со лушпата, за да се извлече максимум од хранливите материи.
Совети за приготвување:
- Парчињата кајсија се одличен додаток на секоја овошна салата.
- Кајсиите се користат и за приготвување џем, сок и мармалади.
- Кајсиите сушени на сонце можат да се користат за приготвување на најразлични десерти.
Здравствено предупредување:
Сувите кајсии многу често се третираат со сулфити, за да им се продолжи рокот на траење, да се спречи оксидација и избледување; исто како и другите сушени овошја, како што се смокви, урми итн. Сјајните портокалови плодови кои биле третирани со сулфити можат да предизвикаат сериозни бронхоспазми кај луѓето кои страдаат од астма. Поради тоа, луѓето кои се чувствителни на сулфити треба да ги користат сушените плодови кои не се третирани со оваа супстанца и имаат кафеава боја.