Ванилици (со Делимано калапчиња)
Состојки
- 250 гр путер
- 150 гр шеќер во прав
- 1 жолчка
- 100 гр потпечени бадеми
- пола лажиче пециво
- шеќер во прав за прпелање
- џем од кајсии
- брашно по потреба
Подготовка
Потпечете ги бадемите и исецкајте ги.
Изматете го путерот со жолчката и шеќерот во прав, па постепено додавајте брашно во кое го ставивте и пецивото. Тестото треба да не е многу тврдо, а на крајот ставете ги и бадемите.
Исучете кора со дебелина од 1 прст, сечете ги формите и печете ги на 170 степени. Кога ќе ги извадите премачкајте ги со четче од ружината водичка. Кога ќе подоладат, спојувајте по две со џемот од кајсии и испрпелајте ги во прав шеќерот.