Крекери

Состојки
- 800гр брашно
 - 1 маргарин
 - 2 филџанчиња масло
 - 1 коцка пресен квасец
 - 1 пециво
 - 200гр сусам
 - 2 пакетчиња ким
 - 3 лајчиња сол
 
Подготовка
Ги мешаме сите наведени намирници и замесуваме тесто со ладна вода. Тестото да не е ни меко ни тврдо. Од тестото се прават тенки сучки и со ножица ситно се сечат дирекно во плехот во кој ке се печат. Се печат дури да заруменат.