Пилешки полжавчиња во сос
Состојки
- 600гр пилешки стек
- 2 јајца
- 200гр брашно
- 100мл пиво
- 100гр сусам
- сос
- 1 главица кромид
- 1/2 лимон
- 200гр павлака
- 100гр мајонез
Подготовка
Пилешкиот стек го сечкаме на долгнавести парчиња, го посолуваме.
Јајцата ги матиме во нив го додаваме пивото и брашното. Во оваа смеса ги свалкуваме парчињата пилешки стек, а потоа во сусам и ги пржиме во тавче со загреано масло.
Подготовка на сосот
Кромидот го рендаме и во него го додаваме исцедениот лимон, сол, лук во прав, го додаваме мајонезот и павлаката и убаво мешаме. Во сосот додаваме и малку магдонос.
пржените пилешките полжавчиња ги ставаме од едната страна на чинијата, а од другата ставаме од сосот. Пријатен апетит!