Испечати

Овошни велигденски јајца

Овошни велигденски јајца

Состојки

  • 1 кесиче желатин
  • 1 портокал
  • 3-4 сливи
  • 2-3 мали јаболчиња(1 големо)
  • 1 лимон (сок)
  • друго овошје по избор
  • 4 лушпи од јајца (може и повеќе)

Подготовка

Овој рецепт што и не е рецепт, туку е повеќе како идеја, го најдов на интернет, ептен му фрлив мерак и морав да го направам.

Во принцип, се е произволно, пишано е колку да не бидат празни полињата за состојки.

Прво се почнува со желатинот бидејки му треба време додека да се олади.
Желатинот се раставара по упатството на кесичката. Секој производител има различно упатство, па затоа нема да го објаснувам процесот. Кога желатионот ќе биде готов и подоладен, се додава сокот од лимон.
Ако правите само 4 јајца, желатин ќе ви остане. Јас потрошив можеби 1/3 од целиот желатин.

Се земаат 4 јајца и внимателно се кршат на врвот. Се истураат белките и жолчките во сад на страна. Нема да бидат потребни за понатаму во рецептот, па затоа испланирајте си нешто за спремање со нив.
Лушпите убаво се мијат и се ставаат во садчиња за јајца. Јас садчиња немам, па ги ставив на чашки за ракија. Кога можев да матам КУГЛОВ со шрафилица, за ова па ич не се секирам =))

Сите овошја се сецкаат на мали коцки и се пикаат во лушпите од јајца. Кога ќе се наполнат јајцата со овошје до горе се сипа оладениот желатин. Ќе внимавате да не е врел и ќе внимавате да не почне да се стега. Треба да е течен за убаво да се излее помеѓу овошјето.

Се ставаат во фрижидер да се оладат и за да се стврдне убаво желатинот. Оладени се кршат и лупат внимателно.