Испечати

Слива

Слива

Состојки

    Хранливи вредности на сливата:

    Прекрасно вкусните и сочни сливи, ботанички припаѓаат во фамилијата rosaeae. Плодот со јатка припаѓа во родот Prunus, во кој исто така спаѓаат и: праски, нектарини, бадеми и модрите сливи. Научното име на сливата е Prunus domestica.

    Растението најдорбо може да се опише како мало дрво или голема грмушка. Се одгледува на многу места во Европа, САД, Кина и Јапонија. Различните сорти кои се одгледуваат насекаде низ светот варираат значително според бојата, големината и карактеристиките на растење. Вообичаено, секоја слива раѓа огромен број плодови, речиси еднакви според големината, во периодот помеѓу мај и септември.

    Секој плод има големина колку средно голем домат, со дијаметар од 5 до 6 сантиметри и тежина од приближно 70 грама. Има вдлабнатина во средината, од страна на дршката. Внатре, пулпата е сочна и според сортата, варира во бојата од: кремасто жолта, црвена, светло сина, па сè до свело зелена.

    Во средината има една, мазна и тврда семка. Семките не се јадат.

    Сливата има благо-киселкаста пулпа со пријатна арома. Најпознатите сорти на сливата се: црвена слива, модра слива и црна слива.

    Здравствени придобивки од сливата:

    • Вкусните, месести и сочни сливи имаат ниска калорична вредност и не содржат заситени масти, а содржат голем број состојки корисни за здравјето, витамини и минерали.
    • Одредени соединенија кои се корисни за здравјето, а можат да се најдат во сливата, како што се: растителните влакна, сорбитол и исатин, помагаат при регулацијата на работата на дигестивниот систем и поради тоа се користат како лек во случаите на констапација.
    • Свежите сливи се одличен извор на витамин Ц, кој е моќен природен антиоксиданс. Конзумирањето храна богата со витамин Ц му помага на телото да развие отпорност кон инфективните агенси, да се бори против воспаленијата и да ги собере штетните слободни радикали.
    • Свежите сливи, а особено џанките (малите жолти сливи) се одличен извор на витамин А и бета-каротин. Витаминот А е клучен за добриот вид. Исто така е потребен и за одржување на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А дава одредена заштита од рак на белите дробови и усната празнина.
    • Сливата исто така е и добар извор на флавоноидните полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, криптоксантин и зеаксантин. Овие соединенија служат како заштитни собирачи на оксигенските слободни радикали, кои играат значајна улога во процесот на стареење и во развојот на разни болести. Зеаксантинот е важен прехранбен каротиноид, кој селективно се апсорбира во слузокожата во очите, каде што обезбедува антиоксидантска функција и обезбедува заштита преку филтрација на светлината.
    • Сливите се богати со минерали, како што се: калиум, флуор и железо. Железото е неопходно за создавањето на црвените крвни зрнца. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.
    • Сливите се богати и со витамини од Б-комплексот, како што се: ниацин, витамин Б6 и пантотенска киселина. Овие витамини се кофактори во метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите. Исто така, сливите обезбедуваат и околу 5 проценти од днвено препорачаната доза на витамин К. Витаминот К е клучен за голем број коагулациони фактори, како и за метаболизмот на коските, а помага и во олеснување на симптомите на Алцхајмеровата болест кај постарите.

    Избор и складирање:

    Сливите се достапни во текот на целата година, но имаат најдобар квалитет во периодот помеѓу мај и септември. Во продавниците, барајте свежи плодови со изразена боја и можат да имаат суптилен бел сјај, што е индикатор дека не биле премногу допирани. Избегнувајте ги плодовите кои се премногу меки или имаат омекнати точки или засеци на лушпата. Зрелите сливи малку попуштаат под нежен притисок и оддаваат блага арома.

    Тврдите зрели сливи можат да се чуваат на собна температура додека целосно узреат. Сосема узреаните можат да се чуваат во фрижидер, но треба да се приспособат на собна температура пред јадење, за да можете целосно да уживате во богатиот вкус. Сувите сливи можат да се чуваат на собна температура и до неколку дена.

    Употреба во кујната:

    Измијте ги сливите во студена вода од чешма токму пред употреба. Свежите зрели сливи треба да се јадат такви какви што се, со лушпата.

    Засечете ја сливата по средината, длабоко, додека ножот не стигне до семката. Тогаш извадете ја семката, развојувајќи го плодот на два дела. Лушпата може да се излупи со нож, исто како јаболко. Но, не само што во лушпата има голема концентрација на растителни влакна, туку во неа се содржани и одредени антиоксидантски пигменти кои се корисни за здравјето. Затоа сливите треба да се јадат со лушпа. Исто така, може да се печат и да се варат.

    Совети за приготвување:

    • Парчињата слива се одличен додаток за секоја овошна салата.
    • Ова овошје се користи за приготвување пити, десерти, џем и мармалади.
    • Исто така, сливите може да се користи за приготвување на најразлични рецепти, најчесто печени или поширани.
    • Сувите сливи се користат за приготвување на колачи, торти, сладолед и др.; исто како и другите суви овошја: суво грозје, суви кајсии, суви смокви итн.

    Здравствено предупредување:

    Сливите содржат оксална киселина, супстанца која настанува природно и ја има во неколку видови овошје и зеленчук. Таа може да кристализира во камења во уринарниот тракт кај некои луѓе. Затоа, им се препорачува на луѓето кои имаат историја со камења во уринарниот тракт да избегнуваат сливи. Потребно е да внесуваат соодветна количина вода за да ја одржат нормалната функција на уринарниот тракт, доколку сепак се одлучат да јадат сливи.