Пица бурек на мој начин
Состојки
- 500 гр готови кори
- 300 гр рендана салама
- 300 гр рендан кашкавал
- 100 мл кечап
- 100 гр печурки
- 100 мл масло
Подготовка
Количината на состојките може да се менува по желба, нормално и редоследот на состојките
Тепсијата во која ќе го правиме пица бурекот ја намрсуваме и ставаме една кора, потоа кората ја попрскуваме со масло, ставаме рендана салама. Ставаме друга кора и неа ја попрскуваме со масло, ставаме рендан кашкавал, ставаме наредна кора која ја попрскуваме со масло, ставаме кечап, потоа друга која и неа ја попрскуваме со масло и ги ставаме печурките. Најспосле ја ставаме последната кора и рендаме кашкавал.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 -на минути, т.е додека не се истопи кашакавалот и не порумени убаво.