Испечати

Цреша

Цреша

Состојки

    Хранливи вредности на црешата:

    Ова минијатурно чудо од овошје е преполно со хранливи материи кои се корисни за здравјето и уникатни антиоксиданси. Црешите потекнуваат од Источна Европа и регионот на Мала Азија.

    Ботанички, црешата припаѓа на фамилијата rosaceae од родот prunus, во кој спаѓаат и плодовите со јатка, како што се: сливите, праските, кајсиите и др. Иако постојат повеќе видови цреши, најважните два се одгледуваат на многу места во светот: дивата или блага цреша и киселата цреша или вишна. Црешите припаѓаат на видот prunus avium, а вишните на видот prunus cerasus.

    Црешите се плодови со јатка со централно поставена тврда семка обвиткана со месо до 2 сантиметри во дијаметар. Надворешно, црешите имаат сјајна црвена или виолетова боја и многу тенка лушпа.

    Карипската цреша, позната како ацерола (Malpighia emarginata) потекнува од карипските острови, а денес се одгледува во регионите на Мексико и Тексас во Северна Америка. Ацеролата е мало тропско дрво или голема грмушка од фамилијата Malpighiaceae, а плодовите содржат 2 до 3 мали семки. Ацеролата содржи исклучително висока концентрација на витамин Ц и витамин А, многу повеќе отколку северноамериканската или европската цреша.

    Здравествени придобивки од црешата:

    • Црешите се едно од овошјата со најниска калорична вредност, а од друга страна се многу богати со хранливи материи, витамини и минерали. И црешите и вишните се преполни со голем број состојки кои се од клучно значење за одржувањето на здравјето и општата благосостојба.
    • Црешите се плодови богати со пигменти. Овие пигменти се всушност полифенолни флавоноидни соединенија познати како антоцијанински гликоциди. Антоцијанините се црвени, виолетови или сини пигменти присутни во повеќе видови овошје и зеленчук. Особено се концентрирани во лушпата и имаат моќни антиоксидантски својства.
    • Научните истражувања покажаа дека антоцијанините во црешите дејствуваат како антивоспалителни агенси, преку блокирање на ензимите циклооксигенас 1 и 2. Конзумирањето цреши има потенцијални здравствени погодности, како што е блокирањето на болните хронични епизоди од: артритис, фибромајалгија (болно заболување на мускулите) и спортски повреди.
    • Научните истражувања исто така укажуваат дека вишните му помагаат на телото во борбата против одредени видови рак, невролошки заболувања, рана форма на дијабетес, а го забавуваат и процесот на стареење.
    • Црешите се многу богати со стабилниот антиоксиданс мелатонин. Мелатонинот може лесно да премине од крва во мозокот преку процесот на осмоза и предизвикува смирувачки ефект на невроните во мозокот, смирувајќи го нервниот систем, што може значително да ги олесни симптомите од: невроза, несониа и мигрена.
    • Исто така, црешите се добар извор на минерали, како што се: калиум, железо, цинк и манган. Калиумот е минерал добар за здравјето на срцето, важен дел од клеточните и телесните течности, кој помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок.
    • Црешите, а особено вишните, се особено богати со голем број флавоноидни полифенолни антиоксиданси корисни за здравјето, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин. Овие соединенија служат како заштитни собирачи на штетните слободни радикали и реактивните оксигенски видови, кои играат значајна улога во процесот на стареење и при развојот на некои видови рак и разни болести.
    • Антивоспалителните функции на црешите го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања преку собирање на слободните радикали.
    • Карипската цреша, ацерола, има исклучително висока концентрација на витамин Ц (1677,6 милиграми на 100 грама или 2796 проценти од дневно препорачаната доза) и витамин А (767 интернационални единици на 100 грама).

    Избор и складирање:

    Сезоната на црешите трае од мај до август во Европа и САД. Свежите зрели цреши бргу се расипуваат. Во продавниците, одбирајте ги оние цреши кои имаат сјајна боја, со зелени дршки, цврсто прикачени на плодовите.

    Свежите цреши чувајте ги во фрижидер. Кога ќе ги јадете, кусо потопете ги во млака вода, за да се измијат евентуалните остатоци од прав и за да ги приспособите на собна температура. Потоа нежно избришете ги со мека крпа, за да ја отстраните влагата.

    Употреба во кујната:

    За да ги приготвите црешите за јадење, извадете ги дршките, измијте ги со студена вода и нежно избришете ги со мека крпа. Зрелите цреши треба да се јадат цели, со лушпа, за да се извлече максимум од хранливите материи.

    Совети за приготвување:

    Црешите се користат за приготвување поголем број рецепти:

    • Црешите можат да се јадат такви какви што се.
    • Црешите се користат за приготвување овошни коктели, заедно со праски, ананас, круши и грозје.
    • Црешите се одличен додаток на овошна салата, во комбинација со: праска, круша, кајсија и ананас.
    • Црешите се користат за приготвување колачи, печива и торти.
    • Црешите можат да се додадат и во: десерти, филови за пити и печива.

    Вишните најчесто се користат за приготвување сосови, фил за пита, џем, колачи, печива и торти. Сокот од вишни е омилен освежителен пијалак на спортистите и спортскиот персонал. Сувите вишни се одличен додаток на оброците, а можат да се користат и како грицки.